Украина воведе вонредна состојба поради закана од Русија

Украинскиот парламент во средата вечерта со големо мнозинство гласови донесе одлука за воведување вонредна состајба во земјата поради наводна руска инвазија, откако Москва ја призна независноста на двата одментнати доминатно руски региона на украинскиот исток.

„Руската агресивна политика кон нашата земја беше и останува најголемиот предизвик за нашата безбедност“, изјави пред пратениците Алексеј Данилов, секретар на Националниот совет за безбедност и одбрана.

Вкупно 335 пратеници од потребните 226 гласале за одлукаа која ја предложи претседателот Владимир Зеленски, а во средата попладнето ја поддржа и Советот за безбедност на Украина.

Данилов ги повика пратениците да гласаат за вонредната состојна „поради зачувување на јавниот ред“ и „спречување секакви обиди за дестабилизација и државен удар“.

„Како што сметаат нашите и разузнавачките служби на нашите партнери (…) нашата земја е невозможно да биде заземена без внатрешна дестабилизација. Тоа е главното прашање за Русија. Ситуацијата не е лесна, но е под целосна контрола“, рече Данилов.

Претходно попладнето Данилов рече дека вонредната состојба ќе им овозможи на власите да ја „зголемат заштитата“ на јавниот ред и на стратешката инфраструктура, „да го ограничат движењето“ и да ги заострат прверките на возилата и документите на граѓаните. „Тоа нема радикално да влијае на секојдневите на граѓаните“, уверуваше.

САД проценуваат дека Русија може во секој момент да започне настапување во Украина, па дури и да го заземе главниот град Киев за два дена. Москва во понеделникот ја призна самопрогласената независност на двата побунети доминатно руски региона во источна Украина и не исклучи можност од испраќање единции за заштита на тамошното население од наводен украински напад.