Украина изгубила повеќе од 11 милиони луѓе од последниот попис во 2001 година поради миграција, анексијата на Крим и војната на истокот, според денешните проценки објавени од владата.
„За жал, податоците не вклучуваат лица кои постојано живеат во странство и на окупираните територии. Ова е број на лица физички лоцирани во Украина“, прецизира тој.
Од тој број, 20 милиони се жени и нешто повеќе од 17 милиони се мажи , се наведува во извештајот претставен од Дубилет.
Последниот официјален попис бил спроведен во 2001 година и тогаш имало 48,5 милиони жители во поранешната Советска Република.
Покрај загубата на неколку региони, толку голем пад на населението се објаснува со миграцијата на Украинците, објави Глиб Вишлински, директор на Центарот за економска стратегија во Киев, пренесува АФП.
Според истражувањето на центарот, околу 6,3 милиони Украинци ја напуштиле својата татковина од 2001 година, рече тој.Според истражувањето, Украинците претежно мигрираат во Полска и Русија.
Во март 2014 година, Русија го анектираше Крим, кој во тоа време имаше околу два милиони жители.Неколку недели подоцна, избувна вооружен конфликт со проруските сепаратисти во Доњецк и Луганск, каде живеат шест милиони луѓе.
Дел од овие територии сè уште се под контрола на сепаратистите, но голем број жители се преселиле, некои во другите региони, околу 1,5 милиони, а други во странство.