„Украина ги започнува подготовките за финалето на Евровизија 2023. Главното прашање за нас и за Европската радиодифузна унија е безбедноста. Министерството за одбрана и Министерството за внатрешни работи на Украина се вклучени во подготовките за Евровизија 2023 од самиот почеток за да се обезбеди соодветна логистика и најважно, безбедност“, објави Кирило Тимошенко, заменик-шеф на Кабинетот на претседателот на Украина, на својот Телграм-канал.
Тој рече дека се разгледуваат различни локации за одржување на натпреварот, но тврди дека во моментов не може да открие за кои локации станува збор, пренесува руската агенција Тасс.
Украинската група Калуш Оркестар победи на овогодинешната Евровизија, поради што според правилата на Евровизија, следниот натпревар треба да се одржи во Украина.