Жител на регионот Тернопил во Украина по трет пат заболил од коронавирусот, објави шефот на Министерството за здравство на локалната самоуправа.
„Има еден пациент, тој се инфицираше од коронавирусот по трет пат. Мора да разбереме дека дури и оние што се заразиле со вирусот не се безбедни и не значи дека нема да има повторно заболување“, изјавил официјалниот претставник.
Според податоците на Министерството за здравство, досега во Украина се регистрирани 67.597 случаи на инфекција со коронавирус, а починале 1.650 лица, позитивни на вирусот.