Камперка од Украина се изгубила на Попова Шапка, но имала среќа да биде пронајдена од полициски службеници. Како што соопштија од МВР, 21-годишна Украинка кампувала на планината со уште две лица, по што тројцата продолжиле со кампувањето.
На 24.10.2018 година околу 18,30 часот, во непосредна близина на месноста „Шипковачки бачила“, под Попова Шапка, полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово ја пронашле и и пружиле помош на украинската државјанка Ф.О.( 21 ), која заталкала симнувајќи се низ шумскиот предел „Сидол“. Ф.О. кампувала во близина заедно со Ј.М.(27) од Германија и Р.Ц.(20) од Израeл. Тројцата, потоа продолжиле со кампувањето, информираа од полицијата.