Украинската армија соопшти дека соборила 24 беспилотни летала од вкупно 29 лансирани синоќа од Русија.
Беспилотни летала Шахед од иранско производство беа истрелани од источен Крим и соборени во јужна и централна Украина, објави денеска украинската армија на Телеграм.
Во соопштението на украинските воздухопловни сили не се наведува кои се целите на петте дронови што не беа соборени.