
Некогашната украинска манекенка, Татјана Франчук е навистина мајстор за „соголување“ на богаташите и по разводот со милионерот Игор Франчук, таа се омажила за португалскиот градежен магнат Мануел Куто Алвеш, а сега се разведува и од него и тоа со рекордна отштета од 130 милиони евра.
Татјана, која по професија е трговец со антиквитети од бракот со Франчук има два сина кои се школуваат во Велика Британија и куќа во Англија, поради што успеа бракоразводната разводната парница да ја пресели од Португалија во Англија, што само на неа и оди во прилог.
Се проценува дека Татјана, според британскиот закон кој е многу подарежлив од португалскиот во овие случаи, може да добие отштета од околку 100 милиони фунти или скоро 130 милиони евра, со што ќе се постави нов британски рекорд.