Украинска национална хероина фатена со лажен сертификат за вакцинација

Украинската национална хероина Надја Савченко, која некогаш беше приведена во Русија, е фатена со лажна потврда за вакцинација против коронавирус во нејзината земја и и се заканува затворска казна.

Савченко (40) е фатена во Киев со лажен сертификат за вакцинација против Ковид-19, изјави денеска министерот за внатрешни работи Денис Монастирски.

Во земјата долетала од Турција со нејзината сестра и сега се соочува со две години затвор.

Савченко беше приведена во 2014 година во борбата против проруските бунтовници во источна Украина и предадена на Русија.

Таму поранешниот професионален војник и пратеничка беше осудена на 22 години затвор, но во 2016 година беше разменета и вратена во Украина.