Украинска пратеничка предупредува – земјата е чекор до нуклеарна трагедија

Кира Рудик, украинска парламентарка и лидер на либералната партија Холос, предупреди дека Украина е „на чекор до нуклеарна трагедија“ по делумното уништување на браната Нова Каховка.

– Претседателот Зеленски минатиот октомври го предупреди светот дека Русите ја минирале браната на електраната Каховка и дека сме на работ на вистинска трагедија. Минатата година му кажавме на светот дека ситуацијата во нуклеарната централа Запорожје е критична и повторно сме на чекор до нуклеарна трагедија, рече таа.

– Во моментов ситуацијата не е опасна, но не можеме да гарантираме дека нема да се промени и повикуваме на меѓународна поддршка, ОН да обезбедат меѓународни инспектори да бидат донесени во нуклеарната електрана бидејќи не знаеме што ќе се случи таму, додаде Рудик.