Украинска ракета соборена над Белорусија

Белоруските системи за противвоздушна одбрана соборија украински проектил од ракетниот одбранбен систем „С-300“ во регионот на градот Брест на југозападот од Белорусија на околу 570 километри од украинската престолнина Киев, соопшти во четвртокот белоруското Министерство за одбрана.

Проектил бил погоден околу 10 часот по локално време, а фрагментот од него се пронајдени во близина на селото Горбаха, во областа на Брест, се додава во соопштението. Нема извештаи за човечки жртви или настрадани, ниту за евентуални материјални штети.

Експертизата покажала дека пронајдени фрагменти се од противвоздушна наведувана ракета истрелана од територијата на Украина, а белоруското Министерство за одбрана наведува дека во текот на денот ќе излезе со дополнителни информации. Од украинската страна досега нема никакво огласување на ова обвинување од соседна Белорусија.

Белоруски воени извори за медиумите рекле дека според остатоците, веќе е утврден типот и „марката“ на ракетата и прецизирале дека станува збор за производот со ознака 5B55R на комплексот S-300PS. Според истите, голема е веројатноста дека ракетата е лансирана од 540-ти противвоздушен ракетен полк на вооружените сили на Украин, единица која е распоредена во селото Каменка-Бугскаја, во регионот Л’вов, која е вооружена со ракети „С-300ПС“.

По добиените информации, белорускиот претседател Александр Лукашенко, кој во изминатите 48 часа имаше две средни со рускиот колега по должност Владимир Путин, наредил формирање тим од стручњаци кои треба да ги откријат причините за инцидентот.

На почетокот од декември челникот на белоруското Министерство за одбрана, Викторн Кренин, како „непредвидлива“ ја оцени безбедносната ситуација во пограничните области кон Украина. Истовремено, додаде дека Минск внимателно ги следи групирањата на војски на НАТО на западните белоруски граници.

Киев, кого Минск го обвини за повеќе провокации во пограничната област од почетокот на годинава стравува дека Белорусија може, покрај тоа што наводно ја отстапила својата територија за изведување операции на руската инвазија и да преземе поактивна улога во војната. Последните денови украински функционери за западните медиум, во контекстот на новите барања на дополнително оружје од Западот, велат дека Русија и можела во јануари да започне нова офанзива кон главниот град Киев, и тоа од територијата на Белорусија. Загриженоста во Киев расте и поради маневрите на заедничките руско-белоруски маневри, откако во октомври беше основана заедничка групација војски со околу 7.000 војници.

Белорускиот претседател Александр Лукашенко изминатите месеци повеќепати изјави дека Минск поседува сознанија за планови на Киев и некои соседни земји на територијата на Белорусија да бидат уфрлени белоруски опозиционери обучувани во борбите на украинска страна со цел да предизвикаат граѓанска војна и можно соборување на белоруската влада. Во исто време, Државниот граничен комитет на Белорусија постојано бележи провокации од Киев. Пријавено е дека Украинците минирале патишта и мостови, вршеле зголемени патроли и соборувале беспилотни летала на вооружените сили на Украина на територијата на Белорусија.