Украинската делегација пристигна со хеликоптер на местото на преговорите со Русија

Украинската делегација пристигна со хеликоптер во белорускиот регион Гомел на местото за преговори со Русија, јавува дописникот на РИА Новости.

Од кабинетот на претседателот на Украина соопштија дека во делегацијата се министерот за одбрана Олексеј Резников , шефот на фракцијата „слуга на народот“ и заменик министерот за надворешни работи. Отворените прашања на масата се запирање на огнот и напуштање на територијата на Украина од страна на руските воени сили.

Претходно Руската делегација пристигна во Белорусија и изјави дека е подготвена да ги чека претставниците на Киев до 15 часот. Претседателот на Украина кој што вчера изјави дека нема да присуствува на преговорите, ги оцени како клучни наредните 24 часа за неговата земја и рече и дека не очекува резултатите од преговорите.