Повеќе од 1.200 тела на мртви се пројандени досега во регионот на Киев, кој неколку седмици беше заземена од руските сили, изјави во неделата украинската државна обвинителка Ирина Венедиктова, за британската телевизија Sky News.
„Досега имаме само во киевскиот регион 1.222 убиени лица“, вели Венедиктова додавајќи дека од почетокот на руската офанзива на 24-ти февраури се отворени 5.600 истраги за наводни воени злосторства.
Венедиктова не зборуваше дали станува збор исклучиво за цивични жртви. Пред една седмица таа изјави дека од киевските предградија од кои руските сили се повлека на 30-ти март и се прегрупираа кон северот на Украина, биле пронајдени 410 тела. Обвинителката тогаш рече дека „сигурно има уште мртви“.
Само во киевското предгради Буча, впо заеднички гробници се закопани речиси 300 лица, според податоците на украинските власти од 2-ри апри.
Москва ги отфрла обвинувањата, особено за Буча, истакнувајќи дека станува збор за монтирани снимки, на кои наводно мртвите цивили на улиците носат ознаки на ракавите какви што носат руските сили. Русија, исто така, потсетува дека градоначалникот на Буча уште на 31-ви март и 1-ви април прогласил ослободување на местото и во ниеден момент не споменал убиства на цивили, за што властите во Киев известија по три дена во присуство, на западни медиуми. Исто така, се наведува и дека кога руските сили биле во Буча имало бедбеден излез од градот кон северозапад, а дека јужните населби биле гранатирани од украинската војска.