Опозициските лидери во Украина побараа да дознаат што претседателот на земјата Виктор Јанукович и понудил на Русија во замена за инвестиции во украинската економија, пренесе „Би-Би-Си“.
Рускиот претседател Владимир Путин се согласил да купи украински обврзници во вредност од милијарди долари и да се намали цената на рускиот гас за Украина. Русија „омекна“ откако се обиде да ја наговори Украина да се повлече од ЕУ.
Опозицискиот лидер Виталиј Кличко, изјавил пред учесниците на проевропскиот протест во Киев дека Јанукович ја предал независноста на Украина.
„Тој ги предаде националните интереси на Украина, нејзината независност.Јанукович ја користи нашата земја како залог. Тој се согласил на помош од Русија за украинските фабрики, стратешко производство, воздухопловството и енергетскиот сектор. Сакаме да знаеме што точно заложил како гаранција и причините за тоа“, рекол Кличко пред толпата.
Кличко го повика украинскиот претседател за предвремени избори.