![лицк](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/07/lick.jpg?resize=696%2C421&ssl=1)
Максим Кривош, кој претходно во вторникот зема заложници во автобис во западниот украински град Луцк, фрла експлозивни пакети од прозорците, изјави заменикот министер за надворешни работи на Украина, Антон Герашченко за телевизијата „Украина 24“.
Герашченко појаснил дека станува збор за експлозивни направи без фрагменти кои предузвикуваат ранувања. Додал и дека украинскиот претседател Владимир Зеленски лично телефонски зборувал со Кривош, чие дело украинските власти го водат како „акт на тероризам“.
Малку подоцна новинската агенција УНН извести дека одново биле слушнати истрели од плоштадот во центарот на градот каде е автобусот со заложници.
„Слушнавме истрел. Не беше еден. Там во интервла, буквално додека стоевме малку поблиску додека полциијата не нѐ устра, имаше еден истрел, а следеше тишина. И околу половина час подоцна, кога веќе бевме на друга локација, се слушна уште еден истрел. Покрај тоа, се огласи двапати и полициска сирена“, го цитира УНН својот дописник од местото на заложничката драма.
Во меѓувреме украинските медиуми пренесуваат дека грабнувачот околу 20,40 часот, што се совпаѓа со македонското време, ослободил тројца заложници. Меѓу нив се две жени и едно момче, а полициската операција продолжува.
Во телефонски разговор за еден од локалните медиуми претходно , напаѓачот рекол дека меѓу заложниците има еден повредени, една бремена жена и дете. Тој, исто така, рекол дека луѓето се во сериозна состојба. Медиумите наведуваат и дека тој одбил да разговара со својата сопруга, а не дозволил во автобусот да влезе маж кој се претставил како роднина на една од заложничките.
Заменик министерот, исто така, ги потврди информациите дека во автобусот има неколку бремени жени. Истовремено, напаѓачот не дозволува на заложниците да им се донесе вода или храна и продолжува со заканите дека ќе го разнесе автобусот доколку некој му се приближи.
„Сметам дека ова лице е под влијание на некоја преголема возбуда, овој човек долго време размислувал за тоа како некако да се прослави или да се искаже со вакви постапки. Но се надеваме на неговата разборитост и дека како резултат на преговорите, ќе ги ослободи заложниците и самиот ќе се предаде“, изјави Герашченко за телевизијата NewsOne.
Додаде дека напаѓачот има кај себе паметен телефон и следи како за ситуацијата се известува на интернер и во медиумите.
Герашченко е убеден дека мажот однапред го планирал земањето заложници и се подготувал за тоа.
„Во прв ред, ние полагаме на преговори. Важно е преку преговори да се осигура дека сторителот кој држи заложници ќе ги ослободи и ќе се предадем самиот. Убедени сме дека преговорите треба да дадат резултат“, истакна заменикот министер за внатрешни работи на Украина.
Претпладнето во вторникот маж во центарот на Луцк зема 20-ина заложници во автобус, заканувајќи се дека има кај себе експлозив и оружје. Исто така, се заканил дека на друго место во градот поставил експлозвна направа која може да ја активира со далечински управувач.
Украинската полиција веднаш го активирала протоколот „Заложник“. Сознанијата говорат дека иако напаѓачот се претставил со друго име, станува збор за лицето Максим Кривош кој бил роден во Русија и веќе двапати бил осудуван за кривични дела.
Според началникот на Националната полиција на Волинската област, Јуриј Крошко, напаѓачот поставил општи барања и изразил незадоволстово до системот. Министерот за внатрешни работи Арсен Аваков претходно објави дека заложниците се во добра состојба.