Руските сили ги зајакнаа своите позиции по целата на линија на фронот во Украина, откако целосен неуспех претрпе украинската протиофанзива, вели рускиот претседател Владимир Путин во исечок од разговор со новинарот Павел Зарубин за емисијата „Москва. Кремљ. Путин“ за државната телевизија Россия 1 објавен на каналот Telеgram.
Поставувајќи го прашањето за ситуацијата во зоната на борбените операции во Украина, новинарот ги истакна изјавите од Киев дека противофанзивата е во застој и оти наводно остварила некои цели.
„Што се однесува до контраофанзивата, којашто наводно е во застој, таа претрпе целосен неуспех“, рече Путин.
Сепак, додава тој, во одредени области на борбените дејствија украинската страна подготвува нови активни офанзивни операции.
„Го гледаме тоа, знаеме за тоа. И на тоа ќе реагираме на соодветен начин“, додаде рускиот претседател.
Запрашан за битката за источниот украински град Авдеевка, за која двете страни, како и САД и Велика Британија, велат дека се зајакнати како нова руска офанзива, Путин рече дека она што сега се случува на фронтот се нарекува „активна одбрана“.
„Она што сега се случува по должината на целата линија на контактот се нарекува активна одбрана. И нашите сили ги подобруваат своите позиции на речиси целото подрачје. На доволно големо подрачје“, продолжи рускиот претседател истакнувајќи дека тоа се однесува на правците од фронтот во Купјанск, Запороќје и Авдеевка.
Им се заблагодари на руските воени единици, како што рече, на нивното водство и во прв ред на борците на првите борбени лини, за нивната покажана храброст и херојство.
Зборувајќи минатата седмица на средбаа на Меѓународниот дебатен клуб Валдаи, Путин рече дека од почетокот на украинската противофанзива покрената на почетокот од јуни до крајот на септември, украинските медицински и неповратни захуби изнесуваат повеќе од 90.000 борци, а загубата само во тој период изнесувала 557 тенкови, меѓу кои и од западно производство, како и речиси 1.900 оклопни борбени возила од различни класи. Русија спокојно се движи кон остварувањето на целите на, како што Путин ја нарекува „специјалната воена операција“ во Украина, и изрази уверување дека ќе бидат „постигнати сите задачи“.