Претседателот Володимир Зеленски во вообичаеното ноќно обраќање во петокот рече дека украинските сили осигуриле контрола врз областите во северниот дел на регионот Харков каде руските единици продреа претходно месецов.
„Нашите војници сега успеаја да преземат борбена контрола над граничната област каде што влегоа руските окупатори“, рече Зеленски во своето прекуноќно видео обраќање.
Коментарите на Зеленски, по состанокот на воените и регионалните претставници во Харков, вториот по големина град во Украина, се чини се спротивставени на оние на руските претставници, забележува Reuters.
Виктор Водолацки, член на Долниот дом на парламентот (Думата), изјави дека руските сили контролираат повеќе од половина од територијата на пограничниот град Вовчанск, цитиран од новинската агенција Тасс. Водолатски рече дека штом Вовчанск ќе биде „обезбеден“, руските сили ќе се преместат кон други три града во регионот Доњецк во источна Украина: Славјанск, Краматорск и Покровск.
Агенцијата Reuters напоменува дека не можела независно да ги потврди извештаите од бојното поле од ниту една страна.
Руските сили продреа во пограничните области на украинската област Харков претходно овој месец, а руското Министерство за одбрана соопшти дека обезбедиле контрола на околу 12 населени места.
Зеленски и другите украински официјални претставници објавија успех во „стабилизирањето“ на областа. Генералштабот на украинската армија во својот вечерен извештај во петокот соопшти дека ситуацијата во Вовчанск е „напната, но под контрола на одбранбените сили“.
„Руската армија денеска започна воздушен терор врз овој град. Осум наведувани бомби го погодија градот“, се вели во соопштението, додавајќи дека биле извршени напади врз најмалку две други населби северно од Харков.
Украинските воени блогери рекоа дека украинските војници се држеле околу Вовчанск и дека руските сили користат помалку пешадија во областа и наместо тоа стрелаат од далечина, како што тврдат, со ограничена прецизност.