Украинската војска веројатно ќе се повлече од големиот источен град Севернодонецк, бидејќи руските сили се блиску целосно да ги опколат, изјави именуваниот од Киев воен гувернер на источниот претежно рускојазичен регион Луганск, Серхиј Хајдај.
„Можно е за да не бидат опколени, тие да мораат да си заминат“, рече Хајдај, додавајќи дека руските сили веќе се навлезени во делови од градот.
Во Севернодонецк, гувернерот Хајдај кажа дека половина од станбените објекти се уништени и речиси секоја зграда е оштетена.
Патот што води до територија контролирана од Украина е често бомбардиран од руските сили, но е прооден, додаде тој.
Претходно во вторникот војници од една од единиците на украинските вооружени сили распоредени во областа на Северодонецк во источниот одметнат проруски регион Луганск, снимија обраќање до претседателот Владимир Зеленски и врховниот командант на украинските војски Валериј Залужни, во кое ги наведуваат причините зошто одбиваат да ја исполнат борбената задача, пренесува во вторникот украински медиум.
„Ние, водот од 115-та бригада на 3-от баталјон, кој сега е базиран во Северодонецк, апелираме до вас. Одбиваме да ја извршиме борбената задача поради тоа што ја немаме неопходната заднинска заштита. Имено: тешка воена опрема која би не покривла, како и и неопходно водство“, го цитира украинскиот сајт Страна.уа апелот на војниците.
Подоцна медиумот на своите социјални страници објави дека овие војници наводно се испратени во истражен затвор под обвинениe за дезертерство.
„Ние сме испратени во сигурна смрт. Немаме никакво водство, ниеден борбен командант, опрема, нема почит кон луѓето. Ние не се откажуваме од одбраната на својата земја, но сакаме да добиеме доверлива заднина и соодветна команда“, додаваат луѓето во видеото.
Претходно а„амбасадорот“ на самопрогласената Луганска Народна Република во Москва, Родион Мирошник, изјави дека луганските сепаратистички сили со поддршка на руските единици напредувале во самата област на Северодонецк и неговите предградија.
Севернодонецк, град кој започнува индустриски развој во раните 1930-ти години, е важен центар на хемиската индустрија во Украина. Според последните отворени ресурси, во најмалиот обласен центар во земјата, живеат околу 130.000 жители податоци, од кои 70 отсто се Украинци и 27 отсто Руси.
По тактичкото повлекување од околината на Киев и северот на Украина, проруските сепаратистички сили со поддршка на руската војска се насочени го заземање на целата административна област на Донбас во границите пред превратот вво Киев во 2014 година, во кој се вклучени регионите Доњецк и Луганск. Севернодонецк е најголемиот град останат под украинска контрола во Луганск.
Украина, и покрај досега огромната воена помош од Западот, бара дополнителни количествва артилерија и ракети со долг дострел со кои би гаѓал цели на руска територија во обидот да спречи целосно да ја загуби контролата врз југоисточните проруски региони. Меѓутоа, западните сојузници на Киев досега не одговорија позитивно на таквите барања, стравувајќи од ескалација на судирот и уште пожестоко воен одговор од Москва.
Во петокот, пак, британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека на Украина ѝ е потребна токму таква воена опрема.
„Се плашам дека (рускиот претседател Владимир) Путин, и по голема цена за себеси и за руската армија, ќе продолжи да напредува низ Донбас. Тој продолжува да напредува бавно, но интензивно, и затоа тоа е апсолутно значајно да продолжиме да ја поддржуваме Украина со воени средства“, изјави Џонсон за Bloomberg UK.