Во ракетниот напад врз интернатот и центарот за обука на украинските вооружени сили во украинскиот централен град Полтава убиени или ранети се околу 500 кадети и стручњаци на украинската војска, меѓу кои и платеници од западноевропски земји, го цитира во петокот агенцијата РИА неименуваниот соговорник од разузнавањето на руската војска.
„Загинати или ранети се околу 500 стручњаци. Меѓу загинатите и ранетите се припадници на Вооружените сили на Украина и на Националната града, стручњаци за комуникации, оператори на системи за беспилотни летала, како и странски платеници од Полска, Франција, Германија и Шведска, кои ја обучуваат украинската војска“, наведува руската државна агенција.
Според изворот, Москва нагласува дека отсега редовни ќе бидат ваквите напади на локациите на масовно распоредување на украинските воени единици и странски борци, како и локации на масовно групирање на западна воена опрема во централните и западните украински градови, кои релативно беа поштедени од воени дејства во изминатата 30-месечна војна. Во прилог на тоа, говорат и извештаите на украинските власти кои известуваат дека сѐ почесто цели на руските удари се хотелите.
Претходно во четвртокот украинските власти објавија дека во нападот во Полтава во вторникот загинале најмалку 55 лица, а повеќе од 300 се ранети.
„Бројот на загинатите од рускиот ракетен напад врз образовна институција во самиот град се искачи на 55“, објави Државната служба за вонредни состојби (ДСНС) на Telegram, известувајќи за 328 ранети.
„Веројатно има повеќе луѓе под урнатините“, беше наведено во објавата, во која се додава дека „досега спасувачите расчистиле и однеле повеќе од 2.000 тони отпад“.
Нападот е извршен со два балистички ракети. Нападот беше широко осуден од меѓународната заедница, особено од Вашингтон, кој го осуди „нов страшен потсетник за бруталноста на Владимир Путин“ и покрај тоа што станува збор за легитимна воена цел на противникот.
Влијателните украински блогери и украинските власти реагираа со гнев на нападот во вторникот, обвинувајќи ја воената команда за стационирање на толку многу војници на едно место, што ги прави лесна цел за Москва. Претседателот Володомир Зеленски нареди „целосна и брза истрага“ за околностите на нападот.
Руското Министерство за одбрана претходно потврди дека ракетниот напад врз украинскиот град Полтава бил насочен кон „центар за обука“ на украинската армија во која покрај кадетите имало и бројни западни воени инструктори, како и дека нападот ги „уништил предвидените цели“.
Станува збор за центар во кој се обучувале припадници на украинската војска за радиоелектронско војување и управување со радарските системи. Според руски извори двојниот удар со ракети „Искандер“ во текот на утринското постројување со „повеќе од сто загинати и околу 500 ранети“. Според непотврдени објави на украински воени блогери во овој удар загинале најмалку 190 а ранети се околу 600 лица.