Украинската војска извела нов напад врз руските сили во јужна Украина

Украинската војска погодила во четвртокот две воен контролни точки и импровизирана писта, во втор напад оваа седмица врз проруската Херсонска област на југот на Украина, која од март е под контрола на сепаратистичките проруски и руски сили, соопштија во четвртокот од Киев.

Во новиот напад, изведен со американските повеќекратни ракетни лансери HIMARS врз градот Нова Каховка во регионот Херсон, убиен се 13 „окупатори“, изјавил Серхиј Братчук, портпарол на регионалната управа на Одеса цитирајќи ја Оперативната команда Југ.

Агенцијата Reuters истакнува дека не можела да ги потврди информациите од боиштето од независни извори, и наведува дека Братчук не навел никакви докази за бројот на мртвите руски војници.

Украинската војска во вторникот објави дека во нападот врз Нова Каховка биле убиени 52 лица. Проруската управа во градот, пак објави дека биле гранатирани исклучиво цивилни цели, во кои загинале најмалку седум граѓани а повеќе десетици биле ранети.

Руското министерство за одбрана досега во четвртокот не го коментираше новиот напад на Нова Каховка.