Украинската војска пренела 17 деца заложници во Лвов, обвинија од Донецк

Седумнаесет деца кои биле држени како заложници од страна на украинските сили во Славјанск во одметнатиот источен проруски регион Донецк се однесени во западниот град Лвов и таму се заточени, обвинија во четвртокот од штабот на територијалната одбрана на самопрогласената Донецка Народна Република (ДНР).

Претходно до Донецк известија дека украинските војници држат како заложници 17 деца во Славјанск во Донецката област и оти се планира тие да бидат насилно однесени во непознат правец.

„Според податоците со коишто располага штабот на територијалната одбрана на ДНР, 17-те деца коишто ги држи во заложништво злосторничкиот киевски режим се наоѓаат во Лвов. Тие се сместени во еден од тамошните домови“, се наведува во соопштението објавено на Telegram.

Се додава дека до штабот се „обратиле жителите на ослободените населби Мирное, Гранитное, Староигнатиевка“ и според нив уште на 20-ти февруари децата биле испратени на здравствена рехабилитација во Свјатигорск. Потоа момчињата биле „однесени во Славјанск од каде што на 15-ти март насилно биле оденсени во Лвов“.