Украинската војска влетала во стапица во Луганск, се повлекува од Артемовск

Украинските војска која објави ново напредување во источната проруска област Луганск, влегле во ткн „огнена вреќа“, изјави во понеделникот Андреј Марочко, претставник на сепаратистичките сили на самопрогласената Народна Република Луганск, чиешто присоединување на Русија по тамошниот референдум Киев и Западот го сметаат за руско нелегално анектирање на украинска територија.

„Тие (украинските сили) успеаја да напредуваат на кратко растојание, еден ипол до два километра. И тоа беше сторено само за (украинскиот претседател Владимир) Зеленски да објави за натамошни успеси. Но тој сега само молчи дека ги испратил своите борци во сигурна смрт“, објавил Марочко кого го цитира агенцијата РИА.

Според него во моментов украинските единици се под оган од три правца истовремено – од север, исток и од југ, во заедничка операција на сепаратистички сили и руските војски.

„Сите што влегуваат на територијата на Народната Република Луганск систематски се уништуваат“, додал еден од водачите на сепаратистите од украинскиот југоисток.

Според Марочко, властите во Киев „систематски го убиваат своите војници“. Додал дека „не постои никаква тактика и стратегија“ во настапувањето на украинските единици.

Друг сепаратистички воен водач, заменикот министер за внатрешни работи во Луганск, Виталиј Киселев, пак, тврди дека украинската сила започнала да се повлекува од месото Артемовск (Бахмут) во северниот дел од соседната област Доњецк. Овој град на почетокот од граѓанската војна по превратот во Киев во 2014 година го контролираа сепаратистите кои отстапија во февруари следната година.

„Во меѓувреме, Вооружените сили на Украина се повлекуваат во близина на Артемовск. Најверојатно влијае факторот на недостиг од резерви, кои се упатени за напади во други правци“, напиша Киселев на својот Telegram канал.