Гранатирањето се случило ноќта меѓу саботата и неделата. Украинските војници испукале приближно 308 гранати по линијата на разграничување, јавува Донецката новинска агенција.
Во нападот биле користени борбени пешадиски возила, ракетни фрлачи и малокалибарско оружје.
Мештаните велат дека гранатирањето започнало во 23 часот и траело сѐ до 4.30. Се криеле во скривалиштата, а гранати паѓале, тврдат тие, и во центарот на Никитовката област, каде што е мирно до зимата 2015.
Укаинските власти во април 2014 г. започнаа воена операција против самопрогласените републики Доњецк и Луганск, кои прогласија независностт по државниот преврат во Украина во февруари 2014 година. Според најновите податоци на ОН, во судирите настрадале повеќе од 9.400 луѓе.