Еден од украинските борци утврдени во металуршкиот комбинат „Азовстал“ крај Мариупол опколени од проруските и руските единици го повика најбогатиот човек на планетата Илон Маск да им помогне во евакуацијата, откако во средата официјален Киев отфрли каква и да е воена интервенција за нивно спасување.
Неколку стотици се извелчени од „Азовстал“ минатата седмица според договорот со Русија, но Москва не сака да преговата за извлекување на украинските борци и бара нивно предавање.
„ @elonmusk, луѓето велат дека доаѓате од друга планте за да го научите луѓето да веруваат во невозможното. Нашите планети се една крај друга, бидејќи јас живеам таму каде што е речиси невозможно да се преживе. Помогнете ни да заминеме од Азовстал во посредничка земја. Ако не вие, тогаш кој? Дајте ни знак“, напиша на Twitter Серхиј Волина командан на бригадата на морнаричката пешадија чии 1.500 борци уште пред две седмици го положија оружјето и им се предадоа на руските сили.
Не е познато дали Маск го видел твитот на Волина. Според процените на украинската и на проруската страна, во подземните добро утврдени коридори на челичарницата „Азовстал“ во моментов се преостанати околу 1.200 украински борци и странски платеници, кои бараат да бидат изнесени со меѓународно постредство во трета земја за да не бидат вратени на фронтот.
Маск е основачот и сопственик на вселенската компанија „SpaceX“ и на производителот на електрични автомобили „Tesla“, а ја купи и социјалната мрежа за микроблогирање Twitter. Во февраури кога Украина имаше проблеми со интернетот по почетокот на руската воена интервенција, Маск одоговорит на твитот на украински владин функцуионери кој бараше помош. Тогаш Маск порача дека стателитскиот широкопојасен сервис „Starlink“ на „SpaceX“ е достамна во Украина и дека компанијата ќе испрати дополнителни терминали.