Украински дрон оштети зграда во Москва и го наруши воздушниот сообраќај

Наводно украинско беспилотно летало се урнало во зграда во центарот на Москва во петокот, откако било соборен од руската противвоздушна одбрана, што го наруши воздушниот сообраќај на сите цивилни аеродроми во руската престолнина, соопштија руските власти.

Очевидец за британската агенција Reuters, кој бил во областа, опишал дека слушнал „силна експлозија“. Фотографиите покажуваат работници и службеници на агенциите за итни случаи како го проверуваат оштетениот покрив на зградата врз која паднале остатоците од дронот.

Руското Министерство за одбрана и градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, изјавија дека нема настрадани откако противвоздушната одбрана уништила беспилотно летало кое потоа удрило во зградата на Експо центарот во Москва во петокот рано наутро. Експо центарот е група изложбени павилјони и повеќенаменски сали на помалку од пет километри воздушна линија од Кремљ.

„Околу 04:00 часот по московско време, режимот на Киев изврши уште еден терористички напад користејќи беспилотно летало врз објекти лоцирани во Москва и Московската област“, ​​соопшти руското Министерство за одбрана.

Од Киев, како и во претходните случни инциденти, сѐ уште не ја коментирал експлозијата во Москва.

Воздушниот сообраќај бил накратко прекинат на четирите главни аеродроми околу руската престолнина – Внуково, Домодедово, Шереметјево и Жуковски. Руската агенција за воздушен транспорт соопшти дека седум летови биле пренасочени на алтернативни аеродроми.

Воздушните напади со беспилотни летала длабоко во Русија зачестија, иако Украина официјално не ја презема одговорноста за нив, зачестија откако на почетокот на мај беше уништен дрон над Кремљ. Цивилните области на главниот град беа погодени и подоцна во мај, а деловната област во Москва беше цел двапати во три дена претходно овој месец.

Украина обично не коментира кој стои зад нападите на руска територија, иако официјални лица јавно изразија задоволство поради нив.