Украински функционер тврди дека 3.500 руски војници се убиени или ранети

Рускиот напад на Киев не напредува, рече во саботата советникот на украинскиот претседател Владимир Зеленски, и тврдеше дека се убиени или ранети околу 3.500 руски војници, а според Пентагон истрелаел повеќе од 250 ракети врз цели од Украина.

Според милициите на проруските региони во Донбас, последните денови украинските сили истрелале стотици проектили врз градовите Донецк и Луганск и во другите населени мести во регионот, при што има најмалку двеасеттина цивилни жртви, а големи населби се оставени без струја.

Западните медиуми наведуваат дека речиси е невозможно од независни извори да се проверат податоците кои ги објавуваат двете страни.

„Удираме врз непријателот на областа околу Киев. Непријателот засега стои на едно место“, тврди советникот Алексиј Арестович, пренесува Reuters.

Претходно во саботата вечерта Кремљ објави дека по запирањето на офанзивата во петокто во очекувањето на одвоворот од Киев за понудата за преговори, руските единци во Украина добиле наредба да ја продолжат и прошират офанзивата. Во Киев се очекуваат напади во текот на вечерта.

Висок претставник на американското министерство за одбрана во саботата рече дека руските вооружени сили до пладнето истрелале повеќе од 250 ракети врз цели во Украина. Повеќето со кус дострел.

Германската новинска агенција DPA пренесе дека руската војска напредува побавно отколку што очекувале во Москва, според неименуван висок фунцкионер на американски Пентагон.

„Соочени се со повеќе отпор отколку што очекувале. Руските сили не напредуваат онака брзо како претпоставуваа“, рекол и додал дека не показател за тоа е дека не освоиле ниеден поголем град.

Меѓутоа, изворот истакнал дека Русија сѐ уште не ангажирала голем дел од своите војници кои се разместени по должината на границата. Додал и дека во петокот офанзивата била запрена и потсетил на изјавите на руското министерство за одбрана дека се внимава да нема цивилни жртви и дека цели не се градовите туку воената инфраструктура.