Украински преговарач: Отворени сме и за „не-НАТО“ моделот

Украина нема да прави компромиси околу својот територијален интегритет во преговорите со Русија, но има добра волја да преговара за „не-НАТО“ моделот во иднина, изјави во неделата за американската телевизиска мрежа Fox News еден од украинските преговарачи.

Украина пред превратот од 2014-година имаше амбиции за членство во Европската унија, на што Русија тогаш не се противеше, но последната година амбициите на Киев се насочија и кон членство во НАТО верувајќи дека тоа ќе ѝ овозможи воено враќање на одметнатиот црномирски полуостров Крим и источните доминанатни руски региони во областа Донбас на самата руска граница. Москва и претходно предупреди дека украинското членство во НАТО ќе го смета за големо загрозување на нејзината безбедност.

„Одговорот кој го добиваме од земјите во НАТО е дека не се подготвени ниту да преговараат за нашето членство, барем не во следните пет до десет години“, изјави украинскиот преговарач Давид Арахамија.

„Подготвени сме да преговараме за ‘не-НАТО’ моделот. На пример, би можеле да добиеме директни гаранации од различни земји, како САД, Кина, Обединетото Кралство, а можеби и Германија и Франција. Подготвени сме да разговараме и со широк круг земји, не само билатерално со Русија, туку и со други партнери“, рече Арахамија.

Делегациите на Украина и на Русија веќе одржаа две круга преговори откако на 24-ти февруари започна руската офанзива во соседната земја.

„Не-НАТО статусот“ (MNNA) е термин кој САД им го додели на влади блиски на земјите од Алијансата кои имаат стратешки односи со вооружените сили на САД но не се членки на Алијансата. Нивниот статус не вклучува заемен договор за одбрана со САД, но сепак носи разни воени и финансиски предности кои инаку не им се достапни на земјите кои не се во НАТО.