Украински војник го ослободи селото во кое живее неговата мајка (ВИДЕО)

Снимка од мигот кога украинската војска ослободува село од руските трупи, а мајката на еден од војниците воодушевено трча кон возилото каде што е нејзиниот син, се прошири на интернет. Тоа значи, момчето си го ослободило своето село.

– Љубов моја, те чекав! Знаев дека ќе дојдеш, знаев!, му вели таа на синот.

Тој, исто така, ѝ возвраќа со радост. – Мамо, изгледаш одлично, како и обично. Многу ми недостигаше!, одговори момчето.

Војникот притоа излегува од возилото, а мајката прво му се фрли во цврста прегратка, па им понуди храна нему и неговите другари.

– Момци, ви зготвив борш!, истакна таа.

Борш, инаку, е јадење од црвена зелка, цвекло, морков, кромид и компири, што потекнува од Русија, но го приготвува цела Источна Европа.

Иако од видеото не е јасно за кое место во Украина се работи, најверојатно тоа е некаде на истокот од земјата, каде што е во тек украинската контраофанзива.