Украинскиот и францускиот министер за одбрана ветија заедничко произвоство на оружје

Франција и Украина во четвртокот ветија дека ќе работат заедно за да набават оружје за веќе четиримесечната контраофанзива на Киев против руските сили и да развијат заедничко производство на оружје.

Украинскиот министер за одбрана Рустем Умеров рече дека тој и неговиот француски колега се фокусирале на зајакнување на соработката во техничката обука на украинските вооружени сили.

„Десетици проекти се или започнати или се разговараат со цел да се организира заедничко производство на ново оружје или да се одржи постојното оружје“, рече Умеров на прес-конференција заедно со францускиот министер Себастиен Лекорну.

Двете страни, рече тој, размислуваат за формирање фонд „за поддршка на заеднички проекти со нашите партнери и компании кои сакаат да започнат со производство во Украина“.

Лекорну рече дека Франција „ќе продолжи да ѝ помага на Украина сѐ додека е потребно“, но не даде поединости за тоа какво оружје ќе испорача.

„Оваа војна во можела да продолжи. Дозволете ми да ја повторам нашата доверба во украинското оружје дека оваа контраофанзива ќе се покаже успешна“, им рече тој на новинарите

Украинската контраофанзива е фокусирана на повторно преземање на источна Украина, која е под контрола на проруските сепаратисти по првратот во Коев во 2014 година, како и некои подоцнежни југоисточни региони кои по инваизјата од 24-ти февраури 2022 година ги зазема руската војска, и на напредување кон југ за да го пресече копнениот мост што Русија го изгради меѓу црноморскиот полусотров Крим каде доминатното руско население во март 2014 година на референдум одлучи да се врати во составот на Руската Федерација од која е отцепен во советската ера во 1950-те, што Украина и нејзините сојузници не го признаваат како легален чин.

Франција и Украина, рече Лекорну, ќе разгледаат „што можеме заедно да направиме во однос на набавка или производство на оружје“. И Париз ќе го задржи сегашното ниво на обука на украинските војници – повеќе од 7.000 оваа година.

Лекорну претходно разговараше за можноста за заедничко производство на оружје со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Разговарав со вашите министри многу конкретно за тоа како француската индустрија може да ви помогне. Се разбира, ќе продолжиме со оваа работа“, рече Лекорну во видеото објавено од Зеленски на Телеграм.

Лекорну и Зеленски разговарале за зајакнување на воздушната одбрана на Украина пред зимата, соопшти кабинетот на претседателот. Киев стравува дека Русија ќе изврши воздушни напади врз клучната енергетска инфраструктура оваа зима. Зеленски рекол дека е благодарен на францускиот претседател Емануел Макрон за воената помош, особено истакнувајќи ги противвоздушните ракетни системи, самоодните артилериски единици „Caesar“ и ракетите „Scalp“.