Украинскиoт лекар кој за време на интервју во живо тврдеше дека и наредил на својата доброволна единица да ги кастрира заробените руски војници, изјави дека неговите зборови не се точни. Во кратката објава на Фејсбук, Генадиј Друзенко рече дека тој и неговите колеги медицински лица од првата линија не кастрираат никого и дека немаат намера да го сторат тоа.
„Тоа беше емотивен излив. Жал ми е. Ние спасуваме животи. Точка“, се вели во објавата.
Друзенко, познат доброволец лекар, разговараше со многу западни медиуми за работата на неговата единица во Украина среде рускиот напад врз неговата земја и ги искажа своите тврдења за руските заробеници во интервју за украинската телевизија во неделата.
„Им дадов на моите лекари строга наредба да ги кастрираат сите мажи, бидејќи тие се бубашваби, а не луѓе“, тврдеше тој.