Украинскиот претседател забрани три опозициски информативни телевизии

Украинскиот претседател Владимир Зеленски забрани три опозициски информативни телевизиски канали со указ без преседан.

Забраната опфаќа укинување на дозволите за емитување, на тв-фреквенциите и блокирање на сметките во почетен период од пет години, потврди во средата претпладнето кабинетот на претседателот на Украина, откако медиумите за тоа известија во вторникот доцна вечерта

Телевизиските канали ЗИК, NewsOne и 12.Украина, веднаш се изгасени во украинската престолнина Киев. Исто така, според локалните медиуми, уште неколку локални телевизиски канали истовремено го прекинале емитувањато.

Претседателот Зеленски го оправда овој потег наведувајќи дека овие канали наводно претставуваат „закана за националната безбедност и ја шират руската пропаганда“.

Во заедничката изјава телевизиите забраната ја оценија како „пресметка со незгодните медиуми“.

Политичарите кои го поддржуват Зеленски овие телевизии ги сметаат за медиумите на партијата Опозициска платформа – За живот, која е проруски ориентирана и има големи бази особено на истокот и југот на земјата. Таа настана по забраната на Партијата на регионите по превратот во киев во март 2014 година и соборувањето од власт на претседателот Виктор Јанукович.

Стравот кај актуелната власт во Киев произлегува од несупехот во справување со големата корупција и подобрувањето на животот на граѓаните, како и нерешавњето на замрзнатиот вооружент конфликт со одметнатите југоисточни региони и конфронтациите со другите национални малцинства во Украина.

Според две неодамна спроведени анкети, може да се очекува дека партијата Опозициска платформа – За живот, која досега беше втора според рејтингот, би можела да освои најмногу гласови на следните парламентарни избори.