Украинскиот упад во руски Курск, Киев го подготвил заедно со членки на НАТО, според разузнавачки извори

Украинскиот упад во руската погранична  област Курск бил подготвен со помош на американски, британски и полски разузнавачки служби, пишува во средата весникот Известия, повикувајќи се на руски разузнавачки служби.

„Според достапните податоци, операцијата на вооружените сили на Украина во областа Курск била подготвена со учество на разузнавачките служби на Соединетите држави, Велика Британија и Полска, единиците вклучени во неа биле подложени на борбена координација во центри за обука во Велика Британија и Германија воените советници од земјите на НАТО обезбедуваат помош во управувањето со единиците на вооружените сили на Украина кои ја нападнаа руската територија, употребата од страна на Украинците на западни модели на оружје и воена опрема (оружје и воена опрема)“, изјавиле извори на весникот СВР.

Според податоците на руската Служба за внатрешно разузнавање,  земји членки на НАТО истовремено на украинските единици на теренот во Курск во реално  време им предаваат податоци од сателитското разузнавање за позициите и движењата на руските единици.

Изворите од СВР објасниле дека поради влошувањето на ситуацијата на украинските војници во голем број делови од линијата на борбен контакт во зоната на северниот воен округ, западните сојузници последните месеци активно го поттикнувале врвот во Киев да ги пренесе воените операции подлабоко на руска територија, вклучително и со цел да се предизвика наплив на антивладините чувства и да се разниша внатрешно-политичката ситуација во Русија.

Нападот врз споменатиот руски регион Украина го започна на 6-ти август, а Русија нема доживеано слична инвазија на нејзината територија од Втората светска војна кога тоа изведе нацистичка Гераманија и нејзините европски сојузници. Со оваа акција Киев, како што тврди, сака да создаде тампон зона и да ја исцрпи руската воена машина.                                                          

Белата куќа претходно објави дека САД немале сознанија за плановите на Украина за воен упад во Курск.

Додека Русија продолжува значително да напредува во источна Украина, Киев во вторникот објави дека украинските сили зазеле 1.263 квадратни километри од територијата на Курск, која опфаќа вкупно 93 населени места. Агенцијата Reuters наведува дека  „се обидува да ја утврди точноста на овие бројки“.