Функционерите на украинската влада кои ги избегнуваат своите должности во текот на војната ќе бидат сметени, изјави во четвртокот Андриј Ермак, шеф на кабинетот на претседателот Володомир Зеленски, откако Киев под притисок на домашната јавност и западните сојузници конечни започна да ја санкционира ендемски раширената корупција и военото профитерство.
Повеќе од дванаесет функционери беа сменети оваа седмица по низата скандали и обвинувања за корупција. Некои политички коментатори наведуваат дека Зеленски сака да им покаже на западните сојузници и на Украинците исцрпени од долгите години сиромаштија и војната дека е сериозен во своите намери да ги казнува злоупотребите на власта. За други, пак, станува збор и за политички пресметки, откако Зеленски на прашањето на корупцијата не му посветил никакво значење во изминатиот мандат од мај 2019 година.
Според украинските медиуми, листата на оставки и разрешувања нема да биде ограничена само на овие имиња. Така, под закана да биде принуден на оставка и е самиот премиер Денис Шмигал. Притоа, во медиумите веќе има обвинувања за корупција против клучната личност во структурата на украинската влада, шефот на Кабинетот на претседателот Андриј Ермак.
„Секој би требало да го сфати сопственото ниво на одговорност кон земјата и нацијата во текот на војната. Кој и да заборави на тоа, реакцијата ќе биде брза. Тоа ќе му се случи секому кој ќе дозволи да ги заборави (своите должности), без оглед на титулите и канцелариите“, напиша Ермак на Twitter.
Меѓу скандалите беше и оној на заменикот министер за одбрана Вјачеслав Шаповалов, кој поднесе оставка по извештајот кој тој го негираше, дека неговото министерство плаќало надуени цени за храната за војската, повеќекратно поголеми отколку цените во малопродажба.
Советникот на Зеленски, кој според медиумите возел скапи автомобили, исто така, поднесе оставка, како и вишиот обвинител за кој медиумите известија дека бил на одмор во шпанското летувалиште Марбеља, прекршувај ги правилата за воена состојба.