Сопругата на началникот на Главната разузнавачка управа (ГУР) при украинското Министерство за одбрана, Кирил Буданов – Маријана била труена, а слични симптоми се појавиле и кај некои неговои подредени, пренесуваат украинските медиуми повикувајќи се на извори во безбедносните структури.
„Маријана Буданова била отруена со тешки метали. Ќената се наоѓа во болница“, пишува порталот Бабель повикувајќи се на неименуван извор од украинското разузнавање.
Буданова била хоспитализирана откако нејзината здравствена состојба била влошена подолго време, додава порталот.
„Овие супстанции (тешките метали) на ниеден начин не се корситат во секојдневниот живот или во воени активности. Нивното присуство може да укажува на намерен обид за труење на кокретна личност“, го цитира порталот својот соговорник.
За случајот е отворена истрага, а според извори на весникот Українська правда од безбедносната сфера, најверојатно Марија Буданова била труена преку храната.
Портпарол на ГУР за порталот Kyiv Independent го потврдил случајот додавајќи дека „лекувањето е во тек, а потоа следат прегледи.
Покрај тоа, труење со тешки метали е откриено и кај некои воени разузнавачи. Кај нив симптомите се појавиле подоцна, поради нивната поголема телесна тежина, како што се објаснува.
„Сега е подобро бидејќи ја помина првата фаза од лекувањето. Со оглед на тоа што сопругата на Буданов е прилично минијатурна и лесна, брзо и се појавија симптоми. И кај уште неколку вработени беше потврдено дека се отруени, но тие се со поголема градба, па не забележале никакви знаци на тоа. Тие сега се на третман“, велат изворите на Kyiv Independent
Кирил Буданов го презема водството на украинското воено разузнавање во август 2020 година, на оваа функција го замени Василиј Бурба. Портпаролот на ГУР, Андриј Јусов, претходно изјави дека Русија во минатото неколкупати се обидела да го ликвидира Кирил Буданов.
Тој во август изјави дека неговата сопруга живее со него во неговата канцеларија и дека никогаш не биле разделени од безбедносни причини од почетокот на руската инвазија.
Неговиот портпарол два месеци претходно изјави дека Буданов бил цел на „повеќе од десет“ атентати.