Украинските олигарси бараат ЕУ да ги симне од „црната листа“

Александар Јануковиќ (40), стоматолог по професија и бизнзисменот Сергеј Курченко (28), двата „тешки“ повеќе стотина милиони долари, поднеле жалба до Советот на Европската Унија, со  барање Брисел да ги симне од „црната листа’’ на санкционирани лица во Украина.

Ако од  Советот не добијат одговор каков што очекуваат, за своите права ќе мора да се борат на Европскиот суд за правда во Луксембург.

Олигарсите, кои големото богатство го стекнале за многу кратко време, се најдоа на листата на ЕУ за прв бран санкции насочени кон поранешните власти во Киев, додека рестрикциите воглавно подразбираат замрзнување на имотот, пишува „Политика“.

Прелазната влада во Киев проценила дека минатите четири години од држав ната каса е проневерено околу 70 милијарди долари.

Вртоглавиот успон на Александар Јануковиќ наспроти масовно осиромашените Украинци, се одвивал под силна заштита на неговиот татко, кој му овозможил склопување на договори кои не ретко биле на штета на државните претпријатија.

Според мгазинот „Форбс“, неговото богатство се проценува на 540 милиони долари и е на самиот врв на украинските олигарси.

Медиумскиот и гасен  гигант Сергеј Курченко е во блиски врски со поранешната владејачка гарнитура, а во испитување на неговиот случај, се вклучил и ФБИ.

Кога ЕУ го ставила на листата, тој одговорил со соопштение: „Јас сум искрен украински бизнисмен. Подготвен сум да ја доставам неопходната документаија и да и помогнам во истрагата на ЕУ, за да ја докажам својата невиност.“

Кратко после тоа му се губи трага, на истиот начин како и на останатите чии имиња се нашле на „црната листа“.