Украинските преговарачи на разговорите со Русија во Турција денеска изјавија дека бараат меѓународен договор според кој другите земји ќе служат како гаранти за безбедноста на Украина.
-Сакаме меѓународен механизам на безбедносни гаранции каде што земјите гаранти ќе дејствуваат на сличен начин како членот пет на НАТО – и уште поцврсто, изјави Давид Арахамија, украински преговарач по разговорите со руската делегација шт се одржаа днееска во Истанбул.