Украинските ресурси речиси се исцрпени, изјави Шојгу

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу изјави во вторникот дека ресурсите на украинската армија се „речиси исцрпени“, во периодот кога Киев од јуни ја води исцрпувачка протиофанзива за повторно да ги протера руските единици од украинската територија.

„Воените реурси на Украина се речиси исцпрени“, изјави Шојгу на безедносна конференција во Москва во рамките на саем на вооружување со учество на 85 компании од седум земји, тврдејќи дека Киев не постигнува „никакви резултати“ и покрај „целосната поддршка од Глобалниот Запад“.

Шојгу рече и дека специјалната воена операција, како што Москва ја нарекува инвазијата во Украина, која трае повеќе од година и половина се покажала како „сериозен тест“ за руската војска имајќи предвид дека се соочува со западна стратегија на војување и вооружување, но додаде дека Русија успеала „значително“ да го зголеми своето производство особено на оклопните возила.

Коментирајќи го западното оружје испорачувано во Украина, Шојгу рече дека тоа не е „ништо посебно“ за руските сили.

„Подготвени сме да ги споделиме нашите процени и сознанија за слабите точки на западната воена опрема“, изјави рускиот министер пред состанокот на меѓународни воени функционери.

Шојгу, исто така, им се заблагодари на руските војници за кои рече дека се борат на бојното поле против неонацизмот, поддржувајќи ја реториката на Кремљ кој тврди дека инвазијата во Украина е насочена кон уништувањето на неонацистичките сили и нивниот режим во соседната земја.

Месковската меѓународна безбедносна конференција, којашто ја организира секоја година руската армија се одржува во вторникот во блозина на главниот град, со учество на повеќе од 800 гости од 76 земји во светот, но не и од западните.