Украинските сили ќе се борат од повисоки позиции во Лисичанск

Украина ги дислоцира своите сили од урнатините на градот Северодоњецк на повисоки позиции во соседниот град Лисичанск за да добие тактичка предност над силите на проруските сепаратисти и руските единици, тврдеше во саботата шефот на украинската воено-разузнавачка служба Кирил Буданов.

Ви интервју за агенцијата Reuters во Киев, Буданов рекол дека украинските сили ќе продолжат да се бранат од Лисичанск во источна Украина, во одметнатата мнозински руска и рускојазична област Донбас, и дека веќе не било можно да се задржат позициит во Северодоњецк.

„Активностите кои се одвиваат да одвојат на областа на Северодоњецк се тактички прегрупирања на нашите единици. Ова е повлекување на поволни позиции за да се добие тактичка предност. Русија користи тактика … која ја користеше во Мариупол – бришење на градот од лицето на земјата. Имајќи ги предвид условните, одбрана од урнатините и отвореното поле повеќе не беше возможна. Затоа украинските сили одат на повисок терен за да ги продолжат одбранбените операции“, рекол Буданов.

Запрашан дали мисли на Лисичанск, челникот на Разузнавачката служба при украинското министерство за одбрана одговорил „ДА, тоа е единствениот повисок терен“.

Станува збор за стратешки град со важна географска положба, и со заземањето на Северодоњецк и Лисичанск ќе им се отвори патот на сепаратистите и руските војска кон градовите Славјанск и Краматорск.

Руските сили целосно го заземале Северодоњецк, потврди во саботата именуваниот од Киев воено-административен градоначалник, Олександр Струјк за националната телевизија. Се проценува дека станува збор за еден од најголемите порази на Украина на боиштето последниот месец, по една седмица од најкрвавите борби во четирите месеци војна, каде што беше концентрирана голема жива сила на украинските сили.

„Градот целосно го окупираа Русите. Се обидуваат да воспостават свој ред, колку што знам именуваат некој вид командант“, изјави Струјк.

Истовремено, руското министерство за одбрана објави дека бил спречен „обидот на непријателот индустриската зона на претпријатието Азот“ во близина на Северодоњецк, „да биде претворен во бастион на отпорот“ на украинските сили.

Портпаролот на министерството, генерал-мајорот Игор Конашенков, додал дека под контрола на проруските сепаратистички сили помогнати од руските трупи под целосна контрола ги имаат градовите Северодоњецк и Боровское, како и населбите Вороново и Сиротино.

Лисичанск и блискиот Северодоњецк од мај се во фокусот на руската офанзива во источниот регион Донбас, област којашто проруските сепаратисти и руските војски речиси целосно ја контролираат во нејзините административни граници од пред превратот во Киев во 2014 година и избувнувањето на граѓанската војна.