
Украинските сили ги освоија градовите Старомихајловик и Краснохоровк, изјави портпаролот на Националниот совет за одбрана и безбедност, Андреј Лисенко.
Исто така на мапата која ја издал Националниот совет прикажани се подрачја од регионот Доњецк кои се под контрола на проруските бунтовници, како и одсечените делови на Луганск.
Кабинетот на самопоставениот градоначалник на Доњецк потврди дека има борби во областа Битјузов, додека самопрогласените власти од Луганск соопштиле дека им се ислкучени струјата и водата.