Повеќе од 200 украински борци загинале во нападите на руската воена авијација во областа на градот Лиман (Красниј Лиман) во Краматорската област во југоисточниот украински регион Доњецк од кој поголемиот дел е под контрола на сепаратистичките проруски и руските сили, објави во неделата на дневниот брифинг руското Министерство за одбрана.
Претходно во неделата украинскиот претседател Владимир Зеленски објави дека на пладнето Лиман бил целосно под контрола на украинската војска. Продорот на украинските сили дојде ден откако руското Министерство за одбрана објави дека поради опасноста од опкружување на руските сили во градот и донесувањето на дополнителни единици на украинската војска, ги повлекла единиците во Доњецк на побезбедни и подобри позиции.
„Во Красноломанскиот правец, како резултатот на ударите на руските воздушни сили во областа на населените места Јамполовкја на Доњецката Народна Република, загубите на непријателот изнесуваат повеќе од 200 воени лица, 320 ранети, уништени се десет денкови и 25 пешадиски борбени возила“, се наведува во извештајот на руското Министерство за одбрана.
Портпаролот на руските сили, Игор Конашенков на брифингот додаде дека украинските сили се обидуваат истовремено да напредуваат во правците на Николаев, Андреевка и Кривиј Рог. Најактивно, според него, биле операциите во областа на Давидов Брод каде што украинската армија ангажирала шест баталјони и уште два тенковски баталјони. Покрај тоа, два засилени баталјонски тактички групации започнале напади во селата Бруксинское и Костромка на рабните подрачја на доњецката област.
„Во текот на цврстата одбрана и масивните удари на руските војски, одбиена е офанзивата на непријателот во оваа област. Притоа уништени се 31 тенк, 78 единици специјална воена опрема и повеќе од 240 украински војници“, се тврди во дневниот преглед на руското Министерство за одбрана.
Според истиот извор, во изминатите 24 часа биле уништени 43 украински тенкови, 89 единици други видови оружја и повеќе од 400 украински борци на боиштето во правецот Ноколаево – Кривиј Рог.
Во правецот на Купјанск, исто така, во доњецката област во руските ракетни напади врз позициите на 92-та и 14-та механизирана бригада, загинале повеќе од 100 украински војници и уништени 12 единици воена опрема.
Руското Министерството за одбрана во неделата ги објави и новите податоци за ударот на руските воздухопловни сили во зградата на седиштето на украинското разузнавање Служба за безбедност на Украина (СБУ) во Дњепоропетовск во централна Украина во четвртокот загинале 35 припадници на службата меѓу кои и странски советници и инструктори, а повеќе од 40 сѐ уште се водат како исчезнати.
„Според обновените податоци, како резултат на вископрецизен ракетен напад не руските воздушни сили на 29-то септември годинава врз зградата на СБУ во градот Дњепропетровск, загинаа повеќе од 35 припадници на СБУ, вклучително и странски советници. Околу 40 припадници на СБУ се водат како исчезнати“, се додава во рускиот дневен извештај од неделата.