Украинските трговци со житарки бараат поголем капацитет на „коридорот на солидарноста“ во ЕУ

Европската унија би требало да ги зголеми капацитетите на „кориорот на солидарност“ за да го олесни извозот на украинските житарки по пропаѓањето на ткн Црноморска иницијатива, порача здружението на украинските трговци УКА.

Договорот за извозот на украинските житарки преки Црното Море истече на почетокот од минатата седмица а Русија одби уште еднаш да го продолжи поради непочитувањето на одредбите од него кои се однесуваат на овозможувањето на извозот на руските житарки и ѓубрива и речиси цела година блокирањето дури и на испораките кои ги Москва бесплатно ги негираше за сиромашните африкански и блискоисточни земји. Русија, исто така, простестираше и поради тоа што дури над 70 отсто од испораките од украинските црноморски пристаништа завршиле во побогатите земји, наместо како што беше најавено во земјите со слаби и ниски приходи, а руските тврдења ги потврди и извештајот од 10-ти јули на Обединетите нации.

Црноморската иницијатива ги опфати Укриаина, Русија и Турција со посредство на ОН, а беше договорена во јули минатата година и трипати беше продолжуван.

Меѓутоа, како што известија Обединетите нации мината седмица, од почетокот на август минатата година до 10-ти јули годинава од три украински пристаништа во Црното Море извезени се 32 милиони тони житарки во 45 земји на три континента. Најмногу житарки се извезени во Кина, речиси 8 милиони тони. Следат Шпанија и Турција со по 6 односно 3,2 милиони тони. Меѓу петте главни увозници се и Италија и Холандија, со 2,1 односно 2 милиона тони житарки. Египет, некогаш главниот увозник на житарки, е на шестото место со увезени 1,6 милиони тони житарки. Пченицата сочинувала околу четвртина од извозот, а пченката половина.

Европската унија, пак, минатата година воспостави таканаречени „коридори на солидарноста“ за да го овозможи извозот на украинското жито и други земјоделски произвои преку алтернативни транзитни железнички и копнени рути и внатрешни речни пловни патишта.

Меѓутоа, многу влади во источноевропските земји, преку кои минуваа тие коридори, беа принудени да воведат рестриктивни мерки, поради жестоките протести на тамошните земјоделци кои беа гневни поради тоа што украинските земјоделски производи завршуваа на тамошните пазари уривајќи ги цените.

Сега украинскиот здружение на трговците побара во понеделникот од ЕУ транзитните капацитетит на коридорите да се зголемат за милион до 1,5 милони тони месечно, сугерирајќи ѝ на Европската комисија на европските транспортери и пристаништа да им осигура делумна компензација за транзитот во форма на субвенции. Притоа, моменталните капацитети на транзитот не се наведени.

„Тоа значително ќе ги намали трошоците за транспортот на житарките и ќе им овозможи на украинските земјоделци извоз на вишокот житарки без загуби во земјите кои имаат потреба од украинското жито, а ќе се стабилизира и глобалната безбедност на храната“, соопштија од украинската УГА.

Зголемувањето на транспортните капацитети би можело, според украинските трговци, да се зголеми со извозот на житарките преку пристаништата во балтичките земји, како и во Германија, Хоалндија, Хрватска, Словенија и Италија.

Здружението предлага и преместување на санитарна, фитосанитарна и ветеринарна контрола од контролните точки на границите со Украина на територијата на одредени земји, што, како што се тврди, би овозможило значително зголемување на извозот.

Во УГА очекуваат принос на житарките и маслодајните култури оваа година од 69 милиони тони. Извозот во сезоната 2023/2024 според нивната процена би требало да дистигне 45 милиони тони.