Украинските власти изведуваат задолжителна евакуација во Херсонската област

Украинските власти во југоисточната Херсонската област во четвртокот издадоа наредба за задолжителна евакуација на жителите од градот Купјанск и неговата околина поради интензивното руско гранатирање на областа, јавува CNN.

Русија во последните неколку седмици ги засили напорите да ја поврати контролата на Купјанск во Хероснакта област од која поголемиот дел го контролираат, градот што украинските сили го презедоа ланскиот септември.

Во наредбата се наведува дека е најавена задолжителна евакуација за жителите на градот, како и на Заоскил, што се наоѓа на источниот брег на реката Оскол.

„Руските јуришни единици ги подобрија позициите во Купјанск“, изјави портпаролот на руското Министерство за одбрана, генерал-полковник Игор Конашенков, пренесува ТАСС.

Во последните седмици руските сили ги интензивираа напорите да ги пробијат линиите на украинскиот фронт источно од реката Оскол и ја зголемија фреквенцијата на воздушни и артилериски напади врз населените места од двете страни на реката. Истоврмено известуваат и за заземање на неколку стратешки важни позиции во прваците на Купјанск и Харков.