Украинското разузнавање уапсило жена обвинета за шпионирање на Зеленски

Украинската разузнавачка агенција Служба за безбедност на Украина (СБУ) објави дека во понеделникот уапсила жена која е обвинета за собирање инфорамации за планот за патувањата на претседателот Володомир Зеленски, како и за обид информации за воени објекти да бидат проследени во Русија.

Украинското разузнавање, без да го открива идентитетот на наводната шпионка, објави фотографија на којашто е прикажана темнокоса жена во црно-бел фустан опкружена од двајца униформирани мажи, при што сите ликови се заматени.

Осомничената била уапсена во јужниот украинскиот пристанишен град Никоалев, соопшти СБУ. Претседателот Зеленски ги посетил овој град последен пат на 27-ми јули.

СБУ ја обвинил наводната агентка дека се обидела да ги утврди локациите на украинските системи за електронско војување и складиштата за мубиција во близина на градот Очаково, педесетина километри од Николаев.

„Припадниците на СБУ ја фатиле предавничката на дело додека се обидувала да му пренесе разузнавачки податоци на агресорот“, соопштија од украинското разузнавање.

Жената потекнувала од Очаково и работела во локалната воена продавница. Судот наводно претходно го одобрил нејзиното апсења, а доколку биде прогласена за виновна, се соочува со казна затвор до 12 години, според наодите од соопштението на СБУ.

Украинските безбедносни сили извршија голем број апсења на наводни „руски агенти“ за кои тврдат дека помагале да се лоцираат цели за руските воздушни напади.