![2017-10-23-image-22](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2018/03/2017-10-23-image-22.jpg?resize=640%2C427&ssl=1)
„Кембриџ Аналитика“, британска фирма за анализа на подаоци која има работено со изборната кампања на Доналд Трамп како и кампањата за Брегзит во еден од најголемите упади во податоците на Фејсбук собрала податоци за милиони американски гласачи и ги искористила за да создаде софтвер кој предвидува и влијае врз гласањето за време на избори, објави „Гардијан“, врз основа на истрагата која траеле една година.
Ова откритие, додава весникот, покренува нови прашања за улогата на Фејсбук воочи претседателските избори во САД. Ова сознание е откриено само неколку недели откако специјалниот истражувач Роберт Милер, обидувајќи се да го открие постоењето на таканаречената „руска врска“, обвини 13 руски граѓани дека го користеле Фејсбук за „информативна војна“ против САД.
„Гардијан“ во рамките на истражувањето стапил во контакт со 28-годишниот Кристофер Вилие, канадски експерт за аналитика и свиркач кој им открил и потврдил дека „Кембриџ Аналитика“ користела лични информации од Фејсбук корисници кои ги преземале без дозвола.
Тоа се случило во почетокот на 2014 година за да воспостават систем кој би ги профилирал индивидуалните гласачи во САД со таргетирање на персонализирани политички реклами. „Кембриџ Аналитика“ е компанија во сопственост на американскиот милијардер Роберт Мерсер, донатор на Доналд Трамп, а своевремено била предводена од поранешниот советник на Трамп и главен стратег на Белата куќа Стив Банон.
Според „Гардијан“, Фејсбук на крајот од 2015 година дознал за собирањето на податоците. Сепак, тие не ги известиле корисниците за упадот и само презеле ограничени чекори за враќање и обезбедување на приватните податоци на повеќе од 50 милиони корисници.
Податоците биле собрани преку апликацијата thisisyourdigitallife, изработена од Александар Коган чија компанија Глобал Сајенс Рисрч (ГСР) соработувала со „Кембриџ Аналитика“ така што плаќале на стотици илјади корисници помеѓу 2 и 5 долари за да учествуваат во тест за карактеристики на личноста, а кои се согласиле нивните податоци да се собираат во академски цели. Но покрај нив, апликацијата исто така ги собирала информации за нивните пријатели на Фејсбук.
Информациите довеле до создавање на алгоритам кој ги одредувал карактеристиките на луѓето кои биле поврзувани со гласачките преференции и на тој начин добиле можност за идентификација на неодредените гласачи, а со тоа да креираат пораки на кои тие би реагирале.
Фејсбук во петокот објави дека ги суспендирале од платформата „Кембриџ Аналитика“ и ГСР, но и Вилие, а „Кембриџ Аналитика“ негираше дека е вмешана во малверзацијата.