Сеф во кој имало само 300 денари е украден утрово од поштата на улица Коце Металец во скопската населба Железарница, извести МВР.
Крадците рано утрово насилно ја отвориле влезната врата од поштата, без притоа да знаат дека во големиот поштенски сеф има само 300 денари. Крадците, кои веројатно биле тројца, потоа го изнеле сефот и заминале.
Полицијата им порачува на крадците да не го оштетуваат сефот, туку да го вратат, бидејќи станува збор за многу мала сума пари.