
Укранските челници направија во вторникот обиди да го објаснат бавното напредување на долго најавуваната и подготвувана противофанзива со наводно нова цел – ицрпување на руските сили.
„Во оваа фаза од активните судири, украинските одбранбени сили ја исполнуваат задачата број еден: максимално уништување на живата сила, опремата, складиштата за горива, воените возила, командните центри, артилеријата и противвоздушните сили на руската војска“, тврдеше во објава на Twitter во вторникот вечерта секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана, Олексиј Данилов.
Во твитот уште наведува дека „колку поефикасно непријателот биде уништен, повеќе километри ќе бидат ослободени“. „Последните неколку денови беа особено плодни“, додава Данилов но не пружа други податоци.
Претходно, портпаролот на ткн фронт Таурија на југот на Украина, Валериј Шершин, изјави дека украинската војска напредувала два километра, но исто така не дава дополнителни информации.
Точно пред еден месец, на 4-ти јуни, украинската армија започна со протиофанзивата на југоистокот на земјата, којашто засега потфрли во очекувањата за пробивот и враќање на контролата над заземените области, забележува германската новинска агенција DPA.