Украсете ги домовите, училиштата и терасите и освојте награди

Градот Скопје ги потсетува граѓаните и правните субјекти дека е во тек  пријавувањето за традиционалната манифестација „Новогодишните бои на Скопје“, кое ќе трае до понеделник 23 декември до 16 часот.

Заинтересираните граѓани и правни субјекти што сакаат да учествуваат во манифестацијата можат да се пријават на телефонските броеви 3297 265 и на 3297380 од 9 до 16 часот, до 23  декември 2013 година.

Фотографии од украсените објекти, заедно со личните податоци за сопствениците, телефонскиот број и адресата, граѓаните и правните субјекти може да ги испраќаат на интернет-адресата [email protected] и во текот на претстојниов викенд  или на адреса булевар Илинден бр.82, со назнака за манифестацијата „Новогодишните бои на Скопје“.

Годинава, традиционално, ќе се избира:

  1. Најубаво новогодишно украсен двор од индивидуална станбена куќа;
  2. Најубаво новогодишно украсена тераса од стан;
  3. Најубаво новогодишно украсен угостителски објект (надворешно);
  4. Најубаво новогодишно украсен двор на средно училиште.

Пријавените објекти ќе ги посети жири-комисија којашто ќе биде составена од претставници на медиумите.

Градот Скопје и годинава обезбеди награди од 10 000 денари, што ќе им бидат доделени на  првонаградените од трите категории, фирмата ФАС-ВАС Васко ДООЕЛ ќе им додели ваучери во вредност од 2 000 денари, исто така на  првонаградените од трите категории, а ЕВН Македонија ќе ги ослободи првонаградените во сите категории, еднократно од плаќање на сметката за потрошена електрична енергија, за месец декември 2013 година.

Наградите ќе ги додели градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, со претставници од фирмите спонзори, на крајот на месец  декември.