Ќулавкова за признавањето на МПЦ-ОА од РПЦ: Редно е да има институционална благодарност

Академик Катица Ќулавкова со повик за „дипломатски и државнички гест“ како знак на благодарност на Македонија кон Руската православна црква за признавањето на автокефалноста на Македонската православна црква – Охридска архиепископија.

„Со децении чекавме признавање на МПЦ – ОА според каноните и во име на христијанската и историската правда на Македонците. Сега добивме не само гест, туку и официјално, безусловно широкоградо признавање на автокефалноста од страна на Руската православна црква. Со тоа ќе се забрза процесот на признавање од страна на другите сестрински православни цркви, а се покажа како потег од историско значење иницијалното признавање од страна на СПЦ.

„Редно е да има институционална благодарност. Дипломатски и државнички гест. Како суштински, а не ефемерен, знак дека на оваа држава ѝ значи македонската христијанска, културна и национална кауза“, смета Ќулавкова.