Ќулавкова: Зошто идентитетот на Гоце треба да се постави како услов за евроинтеграциите на Македонија?

Ние, Македонците, сме преморени од идентитетски оспорувања. Ние сме показател дека токму оние делови на идентитетот што се предмет на оспорување ја претставуваат најбитната идентитетска одлика, пишува академик Катица Ќулавкова во последната колумна за „Нова Македонија“.

-Колку повеќе се оспоруваат македонското потекло и духовност на Делчев, толку повеќе се зацврстува неговото место на пиедесталот на националните симболи. А симболот е моќен наратив. Тој е зипуван архив на сѐ битно за една културна и национална историја. Штом се отвори тој културно-историски архив, се отклучува колективната свест, а тоа создава критична маса и волја да дојде до пресврт во општественото уредување. Симболите не постојат за политичарите да парадираат со нив или за да се пазарат со историјата. Откажувајќи се од историјата, Македонија е во опасност да се откаже од себе. На прагот на една неповратна схизма. Поткопаниот идентитет ја поткопува нацијата, првин формално, потем стварно. Не сакаме таква стварност, нели?, пишува Ќулавкова.

Целата колумна на „Нова Македонија