Јулија Тимошенко e во критична состојба, има коронавирус,

Jулија Тимошенко, поранешната премиерка на Украина, е префрлена на интензивна нега поради заразата со коронавирус.

Во неделата беше објавено дека Тимошенко е заразена, нејзината состојба вчера се влошила. Денес, нејзината портпаролка Марина Сорока, потврди дека Тимошенко е сè уште во сериозна состојба.

„За жал, во моментов немам добри вести“, рече Сорока на Фејсбук.

Тимошенко во 2004 година учествуваше во Портокаловата револуција во Украина, беше премиерка, а во 2019 година се кандидираше и на претседателските избори во кои беше поразена од Володимир Зеленски.

Во 2010 година украинскиот претседател Виктор Јанукович ја приведе поради договорот за гас што го потпишала со Русите, а во 2014 година дошло до револуцијата што го симна од власта и ја ослободи неа од затвор.

РБК Украина известува дека Тимошенко е на респиратор, но и дека нејзината ќерка и зет се заразени, тврдејќи дека информациите ги добиле од доверливи извори.