Џулијани: Сорос ги назначува американските амбасадори во Украина

Американскиот милијардер Џорџ Сорос стои зад назначувањето на четворицата американски амбасадори во Украина, вклучувајќи ја и амбасадорката Мери Јовановиќ, изјави во интервју за списанието „Њујорк“ адвокатот на американскиот претседател, Рудолф Џулијани.

-Сорос ги постави сите четворица тамошни амбасадори. И тој ги најмува агентите на ФБИ, изјави поранешниот градоначалник на Њујорк.

Џулијани додаде дека Сорос ја „контролира“ Јовановиќ. Тој смета дека медиумите ги исполнуваат сите наредби на милијардерот, раскажувајќи невистинити прикаски за него лично.